На местото на поранешната Столарска работилница на Комуналниот сервис, кај основното училиште „Јосип Броз Тито” во Валандово, ќе биде изграден нов паркинг простор.
Старата градба, во која некогаш беше сместена Столарската работилница, ќе биде срушена, а на нејзино место изградени нови места за паркирање.
По завршувањето на градежните работи, просторот околу паркингот хортикултурно ќе се уреди.
Валандово се соочува со недостиг од паркинг места во централното градско подрачје, па неретко сме сведоци на несоодветно паркирани возила.