Ќе се гради нов паркинг простор во Валандово

На местото на поранешната Столарска работилница на Комуналниот сервис, кај основното училиште „Јосип Броз Тито” во Валандово, ќе биде изграден нов паркинг простор.

Старата градба, во која некогаш беше сместена Столарската работилница, ќе биде срушена, а на нејзино место изградени нови  места за паркирање.

По завршувањето на градежните работи, просторот околу паркингот хортикултурно ќе се уреди.

Валандово се соочува со недостиг од паркинг места во централното градско подрачје, па неретко сме сведоци на несоодветно паркирани возила.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password