Искршени седиштата на трибините на градскиот стадион во Валандово

Синоќа, на градскиот стадион во Валандово биле искршени повеќе од седиштата поставени на трибините.

Како што не известија од менаџментот на ФК „Победа“, при вандалскиот чин направена е значителна материјална штета. Оттаму додаваат и дека пред инцидентот, на стадионот била забележана група адолесценти, кои засега се непознати.

Од фотографиите може да се забележи дека искршени се повеќе од педесеттина седишта.

Случајот е пријавен во полиција и се превземаат соодветни мерки за расверлување на истиот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.