Димче Балески: Советот се претвора во туристичка агенција!

На деветтата редовна седница, која се одржа денес, Советот на Општина Валандово, со 14 гласа „За“ и 1 глас „Против“, ја изгласа точката за давање согласност за посета на група од 15 ученика и 17 возрасни, од ООУ „Јосип Броз Тито“ од Валандово на училиште во Александровац, Р. Србија, по повод нивниот патронен празник.

При расправата за оваа точка, советникот Балески, нагласи дека Советот се сведува на туристичка агенција, a доколку 17 наставници заминат на тоа патување, училиштето би останало празно.

За советникот беше и нелогично како при посета на училишна прослава ќе присуствуваат повеќе наставници и вработени од ученици во училиштето.

На тоа Претседателот на Советот, Марков, појасни дека покрај наставници на патување ќе замине и друг стручен кадар од училиштето, а Градоначалникот дофрли дека деновите во кои ќе се реализира патувањето се петок и сабота.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password