На 11-ти мај, во салата „Јанко Узунов“ во Валандово ќе се одигра претставата „Солун, град на духови“ во режија на Слободан Унковски.
Режисерот Слободан Унковски има режирано поголем број претстави, како дома, така и во странство, а публиката го познава и по функцијата Министер за култура во Владата на СДСМ, од 1997-ма до 1998-ма година.
Во претставата се појавуваат актерите Владимир Петровиќ, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Горан Ников, Наталија Теодосиева, Мартин Манев и Стефан Вујисиќ.
Музиката за претставата е напишана од познатиот македонски композитор и некогашен член на групата Анастасија, Златко Ориѓански.