На последната седница на Советот на Општина Валандово, едногласно веше изгласана Преглог-одлуката за основање на регионална депонија, каде ќе биде депониран, складиран, преработуван и рециклиран сметот од општините во Југоисточниот плански регион.
Депонијата ќе биде изградена во месноста „Шапкар“ кај селото Добрашинци, Струмица и е со капацитет од еден милион и двесте илјади кубни метри отпад.
Со отворање на депонијата „Шапкар“, Општините очекуваат да се стави крај на нестандардните депонии, од кои дел се депонии со висок ризик по околината.
Според анализите на Владата, во југоисточна Македонија, дури една третина од отпадот може да се рециклира. Во овој дел од државата, 38% од отпадот е органски и градинарски, 26% отпаѓа на пластиката и хартијата а останатото е текстил, стакло, дрво, градежен шут, неметали и хигиенски отпад.
Измените на Законот за управување со отпад, донесени во октомври, 2012-та година, наложуваат општините заеднички да воведат регионален систем за интегрирано управување со комуналниот отпад, поради немањето услови и капацитет за соодветен третман, преработка и отстранување на отпадот, самостојно.