Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец беше во неофицијална посета на општина Валандово

Вчера во неофицијална посета на општина Валандово беше Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец. При неговата посета имавме можност накратко да поразговараме за состојбите во општината и словенечките искуства на патот кон Евтопската Унија.

Валандово.мк: Денес сте во посета на Валандово. Како ви се допаѓа нашиот град?

Милан Јазбец: Па, да ви одговорам на балкански есперанто. Јас бев во Штип, таму служев војска, а сега сум прв пат во Валандово. Интересно е што повод на мојата посета е концертот на Влатко Стефановски, кој ми е голем пријател. А пред сè, општина Валандово некогаш беше збратимена со општина Трбовље, таа традиција продолжува. Овде имавте и една голема фабрика со словенечко-македонски капитал, која за жал веќе не постои. Јас во петокот имав разговор со вашиот Претседател, со кој имаме средби секој месец, па му реков дека доаѓам во Валандово. Тој навистина се израдува, веднаш рече, дај посетете Амбасадоре, помогнете за развој на општината, да фатиме некој тренд на напредок. Кога човек слуша што се кај вас може да се најде, од калинки, па до домати и многу други работи… Тоа се големи потенцијали и можност за дополнителна соработка и зближување.

Валандово.мк: Може ли општина Валандово да научи многу од искуствата на Република Словенија на патот кон ЕУ?

Милан Јазбец: Добро, сигурно некои работи можат да се научат. Ние сме веќе 14 години во ЕУ и тоа е едно подлабоко искуство. Пред сè мислам дека најкорисно е да се види каде можеме да работиме заедно на проекти и да ги користиме европските средства. Вашиот Претседател ми рече дека ова е едно од најдобрите места за параглајдеризам во Европа, слушнав дека спремате и Светско првенство. Овде можеме заедно да работиме, како и на полето на екологија, производството на зеленчук и такви работи.

Валандово.мк: На кои слабости треба да работи општина Валандово за приближување кон стандардите на ЕУ?

Милан Јазбец: Па видете, јас мислам дека пред се не треба да се чека на тоа што ќе речат и направат политичарите, но пред сè е побитно дека членството во ЕУ значи постигнување на некои стандарди на живот што го чинат животот подобар, што најбитно. Тоа значи, дека и во сообраќајот, кога одите на училиште, на работа, да имате можност за забава, значи да живееш квалитетен, полн живот, тоа во принцип значи членството во ЕУ. Заради тоа е битно да не се чека на отворањето на поглавјата и преговорите за да се интервенира онаму каде што можете и сами. Тоа е можеби најбитното искуство кое можеме да ви го пренесеме. Уште една битна работа е да учете од нашите грешки. Ако ги знаете нашите грешки, можете да ги избегнете. Тоа е многу значајно. Нам ни се чинеше дека е не толку значајно кога влегувавме во ЕУ, но гледаме дека навистина е. Дури е побитно и од она првото кое ви го реков.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.