Со промените предложени Министерството за здравство, резулатите од анализите нема да се издаваат истиот ден како досега, а крвта ќе се транспортира во други градови во 12 централни лаборатории.
Според листата на централни лаборатории до која дојде НОВА, крвта од пациентите од Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија нема да се анализира во тие градови, туку ќе се праќа во централната лабораторија за овој регион, а тоа е општата болница во Струмица.
Стручната фела посочува дека со овие промени се предвидуваат тектонски поместувања во системот на функционирање на лабораториите што ќе има негативни последици за пацинетите, но и за вработените.
Вработените прашуваат што всушност ќе работат тие, ќе има ли отпуштања од работа, дали ќе се вршат анализи во попладневните и ноќните часови, што ќе прават со итните случаи.
„Загрижени сме што ќе работи овој стручен кадар, но и како без протокол и стандарди за транспортирање ќе се разнесува крвта, која во исто време е високо расиплив и ризичен биолошки материјал. Иако во тендерот се бараат ИСО стандарди тоа не е гаранција дека крвта ќе стигне безбедно или дека нема да има промена во резултатот со пролонгирање на анализата“, се дел од коментарите на лаборантите.
Повеќе можете да прочитате овде.