Според статистиката објавена од МВР, во 2017-та година во Македонија се случиле 4.019 сообраќајни несреќи, со биланс од вкупно 6.379 настрадани лица. Најчеста причина за сообраќајките била брзото возење, а најмногу од лицата кои настрадале се на возраст од 41 до 65 години.
Во Валандово регистрирани се 31 сообраќајна незгода во кои загинале четворица, а повредени се вкупно 50 лица. Во сообраќајките направена е и значителна материјална штета од 1.771.500 денари.
Од повредените лица 9 се потешко повредени, додека пак 41 лице се здобиле со полесни телесни повреди.
Скопје е водечки на листата каде лани се случиле 1.652 сообраќајни незгоди во кои загинале 37 лица, а настрадале вкупно 2.500 учесници во сообраќајот. Веднаш зад Скопје се најде Штип, каде загинале 30 лица во 321 сообраќајка. Загинати во сообраќајки нема во Берово и Крушево.
Вкупната материјална штета од сите сообраќајни незгоди во Македонија изнесува околу два милиона евра.