Се подготвува наменскиот оглас за доделување државно земјиште под закуп за сточари

Валандово / 01:34

Објавен е повикот за поднесување барања за исплата на 50 отсто од трошоците за набавка на педигриран добиток, соопшти министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Станува збор за мерката од Програмата за рурален развој за набавка на педигриран добиток од увоз или со потекло од признати организации за они фармери кои го набавиле добитокот до 31-ви декември 2017-та година.

Министерот информира и дека е во тек подготовката на наменскиот оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп за сточари со цел поголемо и посигурно производство на добиточна храна. Огласот треба да биде објавен следната недела.

– За производство на квалитетно млеко, МЗШВ презема конкретни мерки. Преку Програмата за финансиска поддршка годинава субвенциите се 3,5 денари по литар за предадено сурово кравјо млеко и четири денари по литар за предадено овчо и козјо сурово млеко во преработувачки капацитети, истакна Николовски.

Согласно Националната петгодишна програма за финансиска поддршка во земјоделството од 2019-та година, планирано е исплатата на субвенции да биде според класата на суровото млеко: за литар екстра класа четири денари, а за прва и втора класа 3,5 денари. Годинава за 10 отсто се зголемени субвенциите по грло за сточарите со развоен потенцијал.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password