И Општина Валандово ќе учествува во изградба на двете регионални прифатилишта за кучиња – скитници

Валандово / 17:57

Во обид да се реши проблемот со сѐ поголемиот број на кучиња – скитници во градот, Општина Валандово, во соработка со Општините од Југоисточниот плански регион, заеднички ќе учествуваат во изградба на две регионални прифатилишта за напуштените кучиња.

Според планот, урбаните општини во кои спаѓа и Валандово, во изградбата на објектите ќе учествуваат со средства во висина од 500.000 денари, руралните општини со по 150.000, додека двата града на чија територија ќе се градат стационарите, Гевгелија и Струмица, со по 2.7 милиони денари.

Околу 12 милиони денари од овие средства ги обезбедува Бирото за регионален развој, а останатите ќе се обезбедат преку кофинансирање.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password