Утре, од раните утрински часови доаѓаат промени на времето проследена со дожд и грмежи во западниот дел од Македонија каде врнежите се очекуваат да бидат и до 15 литри на метар квадратен.
Во попладневните часови овие врнежи ќе го зафатат источниот дел на земјава во тип на локално невреме, поројни дождови, засилен ветер, грмежи и појава на град.
За подетални информации метеорологот Костадин Павлов ќе не известува на неговиот фејсбук профил во текот на утрешниот ден.