Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост, информираше градоначалникот Перо Костадинов на својот Фејсбук профил.
„Сите сме различни, но заслужуваме еднакви шанси“ беше пораката на Градоначалникот по нехуманата реакција на жителите од село Тимјаник, Неготинско, кои денес излегоа на протест против отворањето на центар за згрижување на деца со посебни потреби во атарот на селото.
Нема да дозволиме да се отвори центарот за деца со попреченост во Тимјаник, ѝ рекоа жителите на селото на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.