Денес, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов и програмскиот координатор на „Тика” во Р. Македонија, Ајтекин Ајден, потпишаа договор за соработка со кој од двете договорни страни е превземена обврска за изградба на нова училишна зграда на подрачното основно училиште „Цветан Димов” во с. Казандол.
Целта на договорот е изградба на училишна зграда, гарантирање безбедни и современи услови за вршење на образовниот процес, како и вложување во рамноправноста и инклузивноста на дечињата од турска етничка припадност во општината.



