Обдусманот: Просториите за задржување во Полициската станица во Валандово се нехумани и понижувачки

Заменик правобранителот, Васка Бајрамовска-Мустафа, на денешната конференција за печат, изјави дека во Полициската станица во Валандово затекнале простории за задржување во исклучително лоша состојба, па задржувањето во истите, само по себе претставува понижувачки и нехуман третман врз задржаните лица.

Во Годишниот извештај на Народниот правобранител, покрај затворите, биле опхатени и полициските станици, па така покрај валандовската многу лоша состојба е затекната и во Кичево, Св. Николе, Македонски Брод и Битола.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.