Според најновата публикација на ДЗС, „Сторители на кривични дела во 2017-та година“, општина Валандово се наоѓа во втората половина на табелата кога се во прашање разрешените кривичните дела сторени на територијата на општината.
Во 2017-та, за кривични дела сторени на територијата на општина Валандово се осудени 32 полнолетни лица. Од нив 23 се Македонци, 3 Албанци, 2 Турци, 2 Срби и 1 Бошњак. Едно од осудените лица е со непозната етничка припадност.
По бројот на кривични дела сторени во општината, пресметано по глава на жител, Валандово се наоѓа на 7-мо место во однос на преостанатите 9 општини од југоисточна Македонија.
Најнебезбедни општини според публикацијата очекувано се Гевгелија и Дојран, пред сѐ поради фреквентните гранични премини со Република Грција, додека како најбезбедна во регионот се издвои општина Ново Село.
