Денес во Валандово се одржа настанот „На секое дете му треба семејство“

Денес, во Домот на култура „25 Мај” Валандово, се одржа настанот „На секое дете му треба семејство“ во организација на јавната установа „Центар за социјална работа“ од Валандово, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UNICEF.

На настанот, свое обраќање имаа Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, претставникот на UNICEF, Бенџамин Перкс, претставник на МТСП, како и директорката на ЈУЦСР Валандово, Елка Калова.

„На секое дете му треба семејство“ е дел од кампања која се спроведува низ целата држава и која има за цел кревање на свеста за децата кои имаат потреба од згрижување, како и поефективно спроведување на националната стратегија за деинституционализација, започната од МТСП.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.