Денес во просториите на општина Валандово, градоначалникот, Перо Костадинов, заедно со претставник на ДПГТ „ВАТО ДОО – Студеничани“, го потпишаа договорот за реконструкција на дел од булеварот „Првомајска“ Валандово.
Целта на договорот е санирање на оштетениот дел од булеварот и овозможување поголема безбедност за сообраќајните учесници на истиот.
Средствата за реконструкцијата на булеварот се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка.