Иако Премиерот најави рехабилитација на патот од Дедели до Гевгелија, трасата со тендерот скратена и гласи од Фурка до Гевгелија

На прес-конференцијата од 28-ми март, на која Премиерот Зоран Заев, Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП „Државни патишта“ Зоран Китанов ја претставија стратегијата и плановите на Владата за изградба, реконструкција, рехабилитација и обнова на патната инфраструктура, беше најавена и рехабилитацијата на регионалниот пат Р1109, т.е. делницата Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, која сега е скратена и е изоставен делот од Дедели до Фурка.

Новата траса, која е опишана во ЛОТ 4 од тендерот за рехабилитација на регионални патишта со средства од Светска банка, гласи Фурка – Богданци – Гевгелија.

Тимот на Валандово.мк ги контактираше надлежните од ЈП Државни патишта со барање за дополнителни информации, но до овој момент не сме добиле одговор.

Овие зафати на рефионалниот пат Р1109, според тендерот се предвидени да завршат во рок од 12 месеци, а за истите ќе бидат потрошени околу еден милион евра.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.