Компанијата „ВАТО“ понуди најниска цена и ги исполнуваше сите критериуми од тендерот администриран од Светска банка изјави градоначалникот Костадинов за Валандово.мк

Компанијата „ВАТО ДОО Студеничани“ беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за реконструкција на дел од булдеварот на улица „Првомајска“ во Валандово. Средствата за реконструкцијата на булеварот се добиени од ИПА претпристапните фондови, а трансферирани од Светска банка под чиј административен надзор е извршен изборот на економскиот оператор кој ќе ја врши работата на терен.

По објавувањето на направената селекција, следеше лавина од реакции на јавноста поради фактот што Специјалното јавно обвинителство против компанијата „ВАТО“ во моментов води постапка во која се товари за фалсификување на документи за добивање на тендер од државната ЕЛЕМ.

Во разговор со Градоначалникот Перо Костадинов, тој изјави дека компанијата е избрана по претходно утврдени критериуми, т.е. најниска цена и исполнувањето на барањата од тендерот инструирани од Светска банка.

Покрај најниската цена и исполнување на критериумите, Костадинов посочи дека компанијата „ВАТО“ понудила и највисока банкарска гаранција, а на прашањето дали Општината можела да реагира по сопствени морални и етички убедувања Костадинов беше дециден дека тоа е невозможно, а целата постапка за избор на фирмата „ВАТО“ е направена под административен надзор од Светска банка.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.