Со автобуска постојка, пешачки патеки, клупи и паноа за слики ќе се уредува дел од раскрсницата кај семафорите во Валандово

Општина Валандово ќе го уредува делот на раскрсницата помеѓу Булевар „Првомајска“ и улица „Моша Пијаде“ во Валандово, кај телефонската говорница.

На локацијата ќе биде отстранета бетонската и металната ограда, а ќе бидe поставенa автобуска постојка, како и изградени скали кои ќе продолжуваат со пешачка патека по чија должина ќе биде поставена и урбана опрема, како шест клупи, четири корпи за отпадоци и слично.

Покрај тоа ќе бидат поставени и десет паноа за слики со димензии од 100 на 200cm кои ќе бидат осветлени со рефлектори.

За овој зафат Општината планира да потроши 375.000 денари од буџетот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.