Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија (АЦВ) и претставници од клубот за екстремни спортови „Пеликан-Екстрем“ од Стојаково извршија преглед и контрола на квалитетот на шест полетувалишта за параглајдери на териториите на општините Валандово, Гевгелија, Дојран и Богданци и со траен карактер ги внесе во својот регистер со сите параметри кои во иднина ќе им служат на параглајдеристите.
Во регистерот на агенцијата се внесени локациите Голаш и Татарлиска чука во близина на Валандово, како и теренот во близина на планинското село Серменин во општина Гевгелија, Стојачка чука кај селото Стојаково во општина Богданци и локалитетите Мала и Голема Боскија во близина на Дојран.