Дедо од Валандово го изгубил внукот во публиката на „Пиво Фест“ во Прилеп, по што почнала масовна потрага по детето.
Тие на фестивалот дошле заедно, но по некој момент се разделиле и детето исчезнало во публиката. Само неколку минути по случката, на социјалните мрежи почнал да се шири апел за негово пронаоѓање.
Како што информираат од Полициската станица во Битола, случајот е решен. Детето било пронајдено од полицијата и вратено кај родителите.