Петровденски музички средби Валандово

Традиционалната манифестација „Петровденски музички средби“ и оваа година ќе се одржи на плоштадот во Валандово, во организација на Домот на културата „25-ти мај“. Покрај домаќините – ансамблот Распеани Валандовчани, како редовни гости ќе настапат и ансамблите од Струмица, Велес, Гевгелија, Радовиш и Богданци.

Оваа манифестација се организира во чест на верскиот празник Петровден – патрон на градот Валандово – место со богата музичка, културна и песнопојна традиција градена низ вековите до денес. Преку неа се негува богатата фолклорна традиција на нашата татковина. Со ваквите манифестации се збогатува културно забавниот живот на граѓаните на општина Валандово, а истовремено се негува и збогатува нашиот македонски идентитет.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.