Во септември во општина Валандово ќе се организира локална „Трка на мирот“

Валандово / 13:40

На 02.09.2018 г. (недела), по повод денот на завршувањето на Втората светска војна, општина Валандово организира „Трка на мирот“.

Трката ќе се одвива на релација Удово – Валандово со должина од 12 км. На истата, ќе можат да учествуваaт учесници од 16 години и  нагоре, во машка и женска категорија, со награди за прво (30 000 ден.), второ (20 000 ден.) и трето место (10 000 ден.), во двете категории.

За учесници на трката ќе можат да се пријават, единствено граѓаните на општина Валандово. Пријавувањето на учесниците ќе се одвива од 23.07 до 25.08.2018 г., во просториите на општина Валандово.

Целта на трката е потсетување на ужасите во светот, од тој период, потенцирање на важноста на мирот, како и поттикнување на спортскиот натпревар и здравите навики кај граѓаните.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password