И во Валандово се отпуштаат медицински сестри иако се дефицитарен кадар, реагираат од ЗМСТАС

„Според нашите информации во последниот месец без работа се останати седум медицински сестри од Куманово, Валандово и Кичево. Меѓу нив е и сестра од Свети Николе која е прогласена за технолошки вишок. Парадоксот е голем бидејќи во време кога медицинските сестри се дефицитарен кадар се случува небулоза и сестра која работи кај лекар во концесионерска амбуланта е отпуштена од работа како технолошки вишок. За жал ниту законите не се на наша страна бидејќи во случајов нејзиното префрлање од ПЗУ во ЈЗУ е оневозможено поради лавиринтите низ кои нашите предлози поминуваат и сеуште не се произнесени со решение односно закон“, вели сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, а пренесува МакФакс.

Од Здружението посочуваат дека „сестрите концесионери“ се соочуваат и со проблеми при регистрација на нова адреса на амбулантите или пензионирање.

„Законот предвидел можност за промена на локацијата, но при повторната регистрација доколку во општа амбуланта претходно со години работела стоматолошка сестра (законот вели здравствен работник, не насочува дејност) надлежните велат дека сега не одговара на бараниот профил и практично таа останува без работа. Остануваат без работа и оние сестри кои работат кај лекар кој заминува во пензија, бидејќи не постои закон кој вели дека сестрата ќе биде прераспределена на друго работно место согласно потребите и квалификациите. Со тоа се нанесува голема неправда бидејќи сестра со големо искуство и работен стаж многу лесно може да се најде на маргините на егзистенција во општеството“, велат од Здружението.

Оттаму додаваат и дека ќе испратат конкретни барања о министерот Венко Филипче, со кое ќе бараат конкретна постапка за враќање на медицинските сестри од ПЗУ во ЈЗУ; почитување и користење на сите бенефити; и стоп за барањата за преквалификации на сестрите со над 30 години работно искуство.

МакФакс

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password