Податоците кои ги објави Центарот за граѓански комуникации, а се однесуваат на јавните набавки кои ги вршеле општините во 2017-та година, покажуваат дека Општина Валандово минатата година потрошила 17.2 милиони денари на јавни набавки, што претставува 9.16% од вкупниот буџет на општината.
Во текот на 2017-та година направени се 11 јавни набавки на територијата на цела општина, од кои 81,9% се јавни набавки за работи, додека 10.9% за услуги.
Од компаниите кои добиле општински пари преку јавни набавки предначи „Џови Компани“ од с. Мокрино, Ново Село, со 12,2 милиони денари или 70.2% од вкупните јавни набавки. Компанијата во 2017-та година победила на 3 тендери во општината, а најголем дел од добиените средствата или речиси 7.2 милиони денари се средства од тендерот наменет за изградба на фекална канализација во Балинци и Брајковци.
