Валандовската градинка ќе се реконструира во енергетски ефикасна – презентиран проектот 3ЕМ

Општина Валандово е еден од петте партнери на проектот „3ЕМ“ , кој беше презентиран на средбата меѓу претставниците на општините Валандово, Радовиш и Серес, како и претставници од музичкиот конзерваториум во Грција и претставници од Церт.

Преку имплементирањето на овој проект, во наредните 20 месеци целосно ќе се реконструира детската градинка „Калинка“ во Валандово. Притоа, целосно ќе бидат заменети кровот, плафоните, парното греење, столаријата и општо, целокупниот изглед, а ќе бидат поставени и панели за сончева енергија.

Вредноста на целокупниот проект е во висина од 1.419.375 евра, додека вкупниот буџет на општина Валандово изнесува 388.213 евра. Периодот на имплементација на овој проект започна од 22.06.2018 откако беше потпишан договорот. Овој проект е финансиран од ЕУ, преку „ИПА фондовите“.

Целта, како што истакна градоначалникот Перо Костадинов е да се подобрат условите во градинката и на најмалите да им се овозможи соодветна средина во која поминуваат по неколку часа дневно. Но и да се подобри енергетската ефикасност на реконструираната јавна зграда за 30%, како и зголемување на свеста кај локалното население за придобивките од подобрувањето на енергетската ефикасност на јавната инфраструктура преку промотивни активности.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.