По објавениот конкурс за избор на ученик на генерацијата и претходно утврдените критериуми, на предлог на Комисијата за специјални настани и детска благосостојба при Училишниот одбор на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, за ученик на генерацијата 2014/2018 е прогласена ученичката Катерина Танчева, ученичка во IV-2 паралелка гимназиско образование.
Во земјоделско-ветеринарната струка врз основа на претходно утврдени критериуми ученикот Иван Калковалиев од IV-4 паралелка е избран за истакнат ученик кој активно учествува, придонесува и постигнува резултати во земјоделско-ветеринарната струка.
Наградените ученици добиваат парична награда. Како резултат на соработката со бизнис заедницата, наградата за ученикот од земјодеслко-ветеринарната струка ја обезбедува „Визба“ Валандово.