Денес ни навлегува циклон кој ќе донесе доста променливо време и во Валандово. Во раните утрински часови постепено ќе навлегува нестабилна маса, која во попладневните часови ќе предизвика врнежи од дожд. При судир на топлетен и ладен бран ќе имаме електрични празнења, врнежи од дожд, локално и ситен град.
Врнежите од дожд би биле поактивни во ноќните часови и би траеле до утринските часови во петок. Се очекува да наврне и над 13 литри/м2 воден талог.
Ќе дува слаб ветар. При навлегување на нестабилната маса ветарот ќе ја зголеми брзината.
Да напомениме дека постои и ризик од надојдување на Калковска река.
Од сабота се очекува стабилизација на времето.
Прогнозата ја подготви Костадин Павлов од mkmeteo.mk.