Вкупно 573 невработени лица од општина Валандово бараат работа

Вкупно 573 невработени лица се моментално пријавени како баратели на работа во Бирото за вработување во Валандово. Меѓу нив најголем број на невработени, или 290 се од профилот работник без занимање, 38 –  матуранти од гимназија и 31 земјоделски техничар – полјоделец. Во листата на невработени се наоѓаат и над 30 дипломирани невработени лица од повеќе професии, 2-ца специјалисти и 3-ца магистри.

Според податоците на Бирото за вработување, моментално во земјава има над 8.500 слободни работни места. Најбарана професија за вработување е хигиеничари на станбен и деловен простор и според податоците од АВРМ, се бараат над 1.000 хигиеничари.

Агенцијата за вработување на Р.М нуди неколку програми и обуки за активните баратели на работа, преку кои тие можат да се обучуваат. Исто така нуди можности и за самовработување – мерка која е поактуелна кај лица до 29 годишна возраст, како можност за започнување на свој сопствен бизнис.

Во тек е и огласот за програмата „Општинско-корисна работа“ на кој можат да се пријавуваат невработени лица од општина Валандово. Оваа програма е дел од проектот „Се грижиме“ и станува збор за работно ангажирање со скратено работно време, за период од 6 месеци и се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно.

Имено, на ниво на Македонија најмногу невработени лица има во Скопје и тоа 15.592, Тетово 11,393 и Куманово 9,430.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password