Општина Валандово е меѓу повеќето општини на кои се однесува огласот за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Активни се четири вакви огласи и тоа со вкупна површина од над 4.000 хектари. Ова на прес-конференција го изјави Соња Трпчевска-Јанковска – Портпарол на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Огласот е наменет за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна – житни, фуражни и индустриски култури, за период до 15 години. Според Трпчевска-Јанковска, вкупната понудена површина на огласот изнесува над 996 хектари. До следниот петок 24-ти август, трае рокот за поднесување на понуди за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп, за површини до три хектари.
Она што е важно за сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат на овие огласи е да внимаваат на критериумите и на комплетноста на документацијата, но и да ги запазат роковите за доставување на понуди, со цел да може навреме да се склучат договорите – информираат од министерството.