Општина Валандово, денес на својата Фејсбук страница објави соопштение во однос на сѐ помасовното труење на кучиња – скитници во градот.
„Деновиве сме сведоци на расфрлани отрови низ целиот град. Се фрлало покрај игралишта, училишта и шеталишта. Извршено е свирепо труење на животни, а индиректно загрозени се и многу дечиња. Апелираме, ова да запре веднаш.
Општина Валандово, досега ги има превземено сите законски мерки кои и стојат на располагање за решавање на проблемот со кучињата бездомници. Спроведена е јавна набавка за ангажирање на шинтерска служба, која редовно ги заловува и соодветно третира истите, а исто така започната е реализација на проект за изградба на регионален стационар на бездомни животни, со цел обезбедување на хуман третман на животните и безбедно секојдневие на граѓаните.
Во име на поефективно решавање на проблемот, ги повикуваме останатите институции кои се надлежни при законските прекршувања, да ги превземат сите расположливи законски средства и во најбрз рок да го/ги откријат лицето/лицата кои го извршил(е) расфрлањето на отровот и со истите да се постапи согласно позитивните законски прописи на државата.“ се вели во соопштението на Општината.