Дечиња од социјално-ранлива категорија на семјства од Валандово заминаа на одмор во Струга

Валандово / 18:09

Дечињата од семејства со социјален ризик или корисници на посебен додаток во моментов се на летен одмор во летувалиштето „Мајски цвет“ во Струга.

Во моментов, како дел од владиниот проект за бесплатно летување, во одморалиштето престојува групата со дечиња од Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Демир Хисар.

За нив се грижат волонтери од „Црвен крст“ на Македонија, додека за храната е задолжен нутриционист од Министерството за труд и социјална политика.

Владиниот проект кој се реализира од 2012-та година, годинава ќе прими 1.700 деца на возраст од седум до четиринаесет годишна возраст.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password