Општина Валандово меѓу општините за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија објави оглас за вработување. Отворени се вкупно 14 работни места, за 14 државни службеници низ повеќе општини во земјава.
Во Подрачна единица Валандово се бара помлад соработник за оперативна работа во регистрите на министерството, Сектор за организација и координација на подрачни извршители. Меѓу повеќето услови за вработување е и стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити од областа на Правните или Економските науки, со или без работно искуство.
Дополнителни информации заинтересираните можат да најдат на следниот линк.