Во Јосифово ќе се одржи 19-тиот меморијален рок-концерт „Цале“

Утревечер во тревното игралиште во Јосифово ќе се одржи 19-тото издание на меморијалниот рок-концерт „Цале“, кој се одржува во организација на Здружение на граѓани од Јосифово. Сите љубители на рок-музиката ќе имаат можност да уживаат во нејзините звуци, благодарение на домашните изведувачи – „Eruption“  од Битола и „High Start“ од Прилеп.

Концертот е предвидено да започне во 21:30ч. и влезот за сите посетители е слободен.

Инаку, синоќа на вонредната седница на Советот на општина Валандово, беше донесена одлука за доделување на финансиски средства во висина од 30.000 денари, на Здружението на граѓани кое го организира овој концерт.

Меморијалниот рок-концерт „Цале“ е само еден од многуте културни и музички настани кои ова лето се дел од програмата на „Јосифовско културно лето 2018-та“.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password