Вчеравечер во Полициската станица во Валандово Д.Ј (62) од Валандово, во 19ч. и 10мин. пријавил дека го пронашол починат неговиот сосед П.Ј (62) во дворот од неговата куќа на улица „Орце Николов“.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа на Полициската станица – Валандово и лекар од Здравствен Дом – Валандово, кој констатирал смрт. Телото е предадено на обдукција, по наредба на Јавен Обвинител.