Средношколецот Мартин Динев учествуваше на 30-тата Интернационална Олимпијада по информатика, која се одржуваше од 1-ви до 8-ми септември во Цукуба, Јапонија. Динев беше дел од македонскиот тим составен од Владимир Максимовски, Андреј Величковски и Филип Михов. Заедно со нив беа и м-р Весна Димитриевска и м-р Емил Станков од ФИНКИ.
Македонската репрезентација вторпат се враќа со сребро од Интернационалната Олимпијада по информатика. Тие досега освоија 2 сребрени и 16 бронзени медали.
Владимир Максимовски освои сребрен а Андреј Величковиќ бронзен медал, додека пак Мартин Динев бил на дофат да освои бронзен медал, од кој го делеле само 10 поени од можните 600.