Недостатокот од кадар – главен проблем во Здравствен Дом „Здравје“ – Валандово

Државниот секретар на Министерството за здравство – д-р Владимир Милошев денес беше во посета на Здравствениот Дом „Здравје“ во Валандово. На средбата со вработените се разговараше за сите проблеми со кои тие се соочуваат, како и најголемиот проблем – недостиг од лекари. Во моментов има вкупно 58 вработени заедно со вработените во администрацијата.

Како што истакнаа лекарите, за 5 години Валандово ќе нема специјалисти – ќе останат само општи лекари, бидејќи сегашните специјалисти по 5 години ќе отидат во пензија.

На средбата, меѓу другото, како приоритетни проблеми беа истакнати немањето на специјалист физиотерапевт, биохемичар, како и лекари во итната медицинска помош. Моментално на итната помош работат 4 тима на лекари. Милошев истакна дека Здравствениот Дом во Валандово годинава ќе добие специјализација за ургентна медицина – за која лекарите рекоа дека не е приоритет.

Милошев рече дека е задоволен од отвореноста на разговорот со вработените за нивните потреби и проблеми. Според него целта е лекарите да се задржат овде и да им се зголемат платите, бидејќи тоа е главната причина поради која тие заминуваат во странство или во останатите болници во земјава. Исто така со промена на законот за приватизација на лекарите се очекува лекарите од приватниот сектор да се вратат во јавниот. Во фаза на подготовка е новата програма со која во план е догодина на Валандово да му се обезбедат повеќе лекари – специјалисти – додаде Милошев.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.