Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во Валандово беше организирана „Штафетата на еднаквоста“.
На штафетата учествуваа деца со попреченост од општина Валандово и општина Струмица, како и нивни другарчиња од основните општински училишта.
Учесниците на штафетата трчаа од градскиот пазар до градскиот плоштад, носејќи пораки испишани на хартиени срца, пренесувајќи го апелот дека и тие се тука и дека и тие можат и умеат.
Инклузија за сите, заедно сме посилни, еднаквост за сите и слично, беа пораките, што дечињата му ги врачија на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, со надеж истите да допрат до срцата на секој наш сограѓанин и ја променат заедницата на подобро.