Денеска ќе се одржи 14-тата редовна седница на Советот на општина Валандово. На дневен ред се предвидени вкупно 19 точки. На седницата ќе се дискутира и одлучува за Годишен извештај и Годишна програма за работа за 2018/2019-та година на С.О.У „Гоце Делчев“ – Валандово, О.О.У „Јосип Броз Тито“ – Валандово, О.О.У „Страшо Пинџур“ – Јосифово, како и ЈОУ „Калинка“ – Валандово.
Потоа, мислење по Програмата за изведување екскурзии на учениците од О.О.У „Страшо Пинџур“ од Јосифово, Информација за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на подрачјето на општина Валандово, за првото полугодие од учебната 2018-та година. Предлог-Одлука за утврдување Втор Нацрт – урбанистички план за село Јосифово.
Меѓу другите точки, на дневен ред се и Финансискиот извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, за првото полугодие од 2018-та, Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Валандово, за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2018 до 30.06.2018, предлог одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Валандово за 2018-та, како и предлог одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот.
Исто така, предлог одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на ФК „Победа“ – Валандово, предлог одлука за одобрување на средства за Општинската Организација на Сојузот на борците од Валандово, за покривање на трошоци за превоз и предлог одлука за одобрување на средства на Дирекцијата за заштита и спасување – Подрачно одделение Валандово за поправка на магацинот и кровот на објектот во Валандово.