О.О.У „Страшо Пинџур“ од Јосифово го одбележа Светскиот ден без автомобили

Еко одборот при О.О.У „Страшо Пинџур“ од Јосифово, денеска ја организираше еко-акцијата „Вози право-живеј здраво“ по повод Светскиот ден без автомобили. Акцијата опфаќаше возење велосипеди на релација Јосифово-Удово-Јосифово.

Во неа учествуваа вработените во училиштето, учениците и родителите а поканети беа и сите жители на општината кои сакаа да бидат дел од оваа акција.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста во заедницата за потребата од чиста и здрава животна околина, како и да ја поттикне заинтересираноста кај најмладите за практикување спорт и здрави животни навики.

На акцијата присуствуваше и градоначалникот на општината Перо Костадинов.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password