По потпишувањето на Договорите за изградба на Прифатилишта за бездомни животни во Струмица и Гевгелија, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, наскоро ќе започне и нивната изградба.
За изградбата на Прифатилиштето во општина Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион потпиша договор со изведувачот ДПТУГУ АТРИУМ ДОО – Вевчани а за Гевгелија со ДГТУ ЕВРОГРАДБА – ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – с.Владевци.
Изградбата на овие две прифатилишта е овозможена благодарение на финансиската поддршка од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018-та година. Главната цел на овој проект е да се подобри безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион преку заштита и згрижување на бездомните животни во регионот.