Стационарот за бездомни животни во Струмица се гради во близина на Пречистителната станица

Валандово / 06:37

Почна изградбата на Стационарот за бездомни животни во Струмица кој е лоциран во близина на Пречистителната станица. Изградбата ќе се одвива според современи стандарди и во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните. Како што истакна градоначалникот – Коста Јаневски, овој проект ја вклучува Струмица во градовите што европски го решаваат проблемот со бездомните животни.

Оваа инвестиција чини 20 милиони денари во првата фаза и веќе е обезбеден грант од швајцарската влада, со поддршка од УНДП која обезбедува мебел, опрема и се што е потребно за еден ваков Стационар, како што се боксови по современи норми, стручни лица кои ќе заловуваат кучиња и стручен персонал кој ќе учествува во нивното третирање  – додаде Јаневски.

Во наредните денови ќе започне и изградбата на Стационар во Гевгелија кој ќе биде лоциран во околината на населеното место Прдејци.

Според Жулиета Ѓуркова – Директорка на Центарот За развој на Југоисточниот плански регион, Стационарот е пример во решавањето на проблемот со бездомните животни на хуман начин, во кој се вклучија сите десет општини во регионот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password