Вечерва во спортската сала „Филип Втори“ во Валандово ќе се одржи натпреварот помеѓу екипите на КМФ СК „Проект – Цико“ и КМФ „Велес“. КМФ СК „Проект – Цико“ на домашен терен ќе го пречека актуелниот футсал шампион на Македонија КМФ „Велес“ со надеж за нова победа и освојување на нови 3 поени.
Овој натпревар е дел од Четвртото првенствено коло од Првата Футсал Лига. По три одиграни кола, екипата на КМФ СК „Проект – Цико“ има забележано 2 победи и 1 пораз и се наоѓа на 4-тата позиција со освоени 6 поени.
Натпреварот е со почеток од 20 часот.