По повод празникот на градот „6-ти Ноември“, Општина Валандово распиша Конкурс за доделување на истоимената награда.
Наградата ја доделува Советот на Општина Валандово на правни или физички лица од општина Валандово, Република Македонија или пошироко, како признание за особени постигнувања и допринос во афирмацијата и развојот на општината во сите области на општествениот живот, како што се стопанство, наука, култура, уметност, образование, хуманост и друго.
Покрај наградата „6-ти Ноември“ која се доделува во форма на плаќета и тоа за континуирани резултати, се доделува и Признание во форма на диплома, за лично залагање и придонес на пократок период.
Можност да предлгаат кандидати за наградата и признанието имаат сите правни и физики лица кои своите образложени предлози треба да ги испратат најдоцна до 17.10.2018-та година, до 15.00 часот, на адреса: Општина Валандово, ул. „Иво Лола Рибар“ бб Валандово, со назнака „За 6-то Ноемвриска награда“.
Доколку вашиот предлог се однесува на поединци или група творци треба да се приложи и кратка биографија.