По 19-ти пат годинава, на 20-ти и 21-ви октомври во Валандово ќе се одржи манифестацијата „Валандовска Ракијада 2018-та“. Оваа манифестација валандовските лозари традиционално ја одржуваат по завршувањето на сезоната на гроздобер и тоа во чест на грозјето и традиционалната домашна ракија.
Освен тазе печена ракија, на Ракијадата се подготвуваат и вкусни, традиционални специјалитети од валандовскиот крај. Со оваа манифестација не само што се негува традицијата, туку таа придонесува и за промоција на целиот регион.
Минатата година на Валандовската Ракијада учествува околу 40 мајстори, кои од 20 казани добија околу 400 литри ракија.