Општина Валандово објави соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација на втор нацрт урбанистички план за село Јосифово. Граници на планскиот опфат се границите дефинирани со урбанистичката документација за населено место Јосифово, донесена во 1998-та година со проширување на планскиот опфат паралелно со улица Јане Сандански од северната страна, за уште еден ред градежни парцели на КП 770 КО Јосифово. Опфатот е со површина од 95,23 ха.
Јавна анкета и јавна презентација на втор нацрт урбанистички план за село Јосифово, ќе се спроведе со излагање на увид на огласната табла во просториите на општина Валандово, во Месна заедница Јосифово, како и во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при општина Валандово, секој работен ден од 10.10.2018-та до 24.10.2018-та од 7.00 – 15.00 часот.
Јавната презентација ќе се одржи во среда на 10.10.2018-та година во 12.00 часот, во просториите на О.О.У „Страшо Пинџур“ во Јосифово. Сите заинтересирани се покануваат да ги достават своите забелешки по горенаведената планска документација.