Младиот и талентиран вокален изведувач Андон Андонов од Валандово, денеска беше на прием кај градоначалникот – Перо Костадинов. Тој на 05.10.2018-та (петок) настапуваше на Меѓународниот фестивал за детска музика „Док тече лашва“ во Босна и Херцеговина и ја освои престижната награда „Лашванска птица“.
Андонов е ученик во О.О.У „Јосип Броз Тито“ – Валандово и досега има настапувано на фестивалот „Распеани срца“ во Штип, како и на многу меѓународни натпревари во Р.Србија, Р.Бугарија и Р.Франција, на кои има освоено повеќе престижни награди.
Општина Валандово има за цел да го поддржува талентираниот Андон во сите негови понатамошни активности, во областа на вокалната изведба. Целта е да се помогнат и поттикнат најмладите таленти во општината, како младиот Андон и да им се овозможат услови да се посветат на сопствениот талент и да го развијат во вредност од која придобивки ќе има целата заедница.