УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Валандово одржа марш по повод 77-годишнината од Народноослободителната борба во Македонија, под мотото „Хероите ни ја оставија. Ние да ја зачуваме!“. Маршот започна од Полициската станица – Валандово и заврши на манастирот „Св.Ѓорѓи“, каде за сите учесници се служеше ручек.
Целта на овој марш, како што велат од УМС, е да им се оддаде почит на паднатите борци, кои својот живот го дале за слободата на Македонија.
На маршот присуствуваше и Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Лука Кржалоски.